До септември ќе ја преземеме Зираат банка

Bez autora
Jul 08 2012

Халкбанк а.д. Скопје го шири својот банкарски бизнис во Македонија, преку градење на доверба и во други сектори, како што е спортот и културата. Според главниот извршен директор на Халкбанк, Неџдет Палачки, банката овие денови одбележува една година од постоењето во Македонија и македонскиот деловен сектор, но се засилува присуството во спортот, културата, нагласувајќи ги општествените вредности. Целите на банката се значајни за сите македонски граѓани, бидејќи сме во фаза на развој и експанзија во земјава. За банката се значајни два битни настани, поточно станува збор за имплементацијата на новиот систем за процесуирање на кредитни картички, како и преземањето на Зираат банка во Македонија. Првата пресвртница е заложбата на банката да го примени софистицираниот технолошки систем за да биде секогаш блиску до своите клиенти.

До септември ќе ја преземеме Зираат банкаХалкбанк а.д. Скопје го шири својот банкарски бизнис во Македонија, преку градење на доверба и во други сектори, како што е спортот и културата.

Според главниот извршен директор на Халкбанк, Неџдет Палачки, банката овие денови одбележува една година од постоењето во Македонија и македонскиот деловен сектор, но се засилува присуството во спортот, културата, нагласувајќи ги општествените вредности.

- Целите на банката се значајни за сите македонски граѓани, бидејќи сме во фаза на развој и експанзија во земјава. За банката се значајни два битни настани, поточно станува збор за имплементацијата на новиот систем за процесуирање на кредитни картички, како и преземањето на Зираат банка во Македонија. Првата пресвртница е заложбата на банката да го примени софистицираниот технолошки систем за да биде секогаш блиску до своите клиенти. Производот ги нуди сите дебитни и кредитни картички, а со тоа и нови услуги за секој потенцијален клиент - информира Палачки.

Според него, одлуката за превземање на Зираат банка во Македонија е значаен чекор , оти се работи за комплексен процес за вработените, но и за клиентите. Целокупниот процес на превземање ќе биде комплетиран кон крајот на септември годинава.

Тој информираше дека се отвораат нови експозитури во земјава,а дел од нив се и неодамна отворените во населбите Аеродром и Визбегово, а следниот чекор се отворање на експозитури во Штип, Струга, Велес и други градови во внатрешноста на Македонија.

До крајот на годинава бројот на експозитури треба да изнесува 30.

- За нас е многу значајно до крајот на годинава отварањето на претставништво во Белград-Србија. Со тоа ќе ја оствариме целта - да се поврземе со бизнисите во повеќе сектори, не само во Македонија туку и во регионов - потенцираше Палачки.

Халк банка и Балканската одбојкарска федерација потпишаа договор за соработка

Халк банка а.д. Скопје и Балканската одбојкарска асоцијација потпишаа договор за соработка со кој втора година балканските шампионати во одбојка, одбојка на песок и балканскиот клупски куп ќе се играат со предзнакот на банката како генерален спонзор. По успешната соработка, која започна со договорот потпишан минатата година во Турција, Халк банка продолжува да го поддржува спортот во регионот.

За главниот извршен директор на Халк банка, Неџдет Палачки, ова е уште една потврда за соработката на земјите од регионот на повеќе нивоа.

- Со оваа поддршка се надеваме на најдобри резултати и фер игра на екипите. Се надеваме дека двете земји и народи ќе продолжат да се поврзуваат и соработуваат како бизнисмени, но и како пријатели - вели Палачки.

Задоволен од соработката е и Петар Јовановски, претседателот на Балканската одбојкарска федерација. Тој нагласи дека позитивно е што Халк банка ги согледала потребите на федерацијата и им излегла во пресрет.

- Верувам дека овој чекор во соработката ќе донесе уште поголема стабилност и доверба меѓу партнерите - вели Јовановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik